Фото: Profimedia

Откако Илон Маск го однесе детето кај Трамп, неговата поранешна се огласи: „Не го изложувај син ми во јавност!“

Музичарката Клер Елис Буше, попозната како Грајмс, се пожали на нејзиниот поранешен партнер, деловниот магнат Илон Маск, откако тој го доведе нивниот син на медиумска конференција во Овалната соба. Истовремено, таа го коментираше и општиот недостаток на „пристојност“ во американската политика, пренесува „Дејли мејл“.

Маск и неговиот четиригодишен син „X AE A-XII“ присуствуваа на конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп, на која беше претставена нова извршна наредба за намалување на федералната потрошувачка. Со објава на социјалната мрежа Икс, канадската пејачка го искоментира појавувањето на нивниот син во јавноста.

„Не би требало да биде вака изложен во јавност. Не го видов ова, ви благодарам за предупредувањето, но ми е драго што бил пристоен“, напиша Грајмс.


Таа не ја коментираше улогата на Маск во Белата куќа, но претходно неговото јавно прикажување на нивниот син го нарече „лична трагедија“. Исто така, го критикуваше недостатокот на „пристојност“ во политиката и се залагаше за „зрело и компетентно водство“.

„Мислам дека многу нешта што се случуваа во изминатата деценија доведоа до губење на уметноста на дипломатијата, говорништвото и генерално компетентното лидерство. Целта на политиката е да се најдат решенија кога граѓаните не можат да се согласат, но двете страни ширеа хистерија наместо да обезбедат зрело и компетентно водство“, смета Грајмс.


Таа нагласи дека нејзините коментари се „неутрални и општи изјави“ и избегна директни напади врз било кого, наведувајќи дека не е американски државјанин.

„Само не сакам да бидам депортирана, буквално“, одговори во коментарите под објавата.

Поранешниот пар има три заеднички деца и во последните месеци води битка за старателство. Пејачката во ноември откри дека со Маск водела едногодишни преговори околу старателството, а во тој период едно од нивните деца наводно не го видела цели пет месеци.

Фото: Jim WATSON / AFP / Profimedia

Како потсетување, Илон Маск и Грајмс ја започнаа љубовната врска во мај 2018 година, а првото јавно појавување го имаа на црвениот тепих на Мет гала истиот месец.

По кратката разделба, двојката ја обнови врската и во јануари 2020 година тие објавија дека музичарката е бремена. За време на нивната врска тие добија две деца – синот „X Æ A-Xii“ во мај 2020 година и ќерката Екса Дарк Сидаераел во декември 2021.

Минатата година, излезе нова биографија на Илон Маск, во која авторот Волтер Ајзаксон откри дека милијардерот има трето, тајно дете со неговата поранешна партнерка Грајмс. Тогаш тој откри дека синот им се вика Техно Механикус.

ВИДЕО | Маск со својот син во Овалната соба: Трамп потпиша наредба за соработка со него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот