
Откако беше претепана, Слобода Миќаловиќ го напушти Белград: Еве каде ги лекува раните
Српската актерката Слобода Миќаловиќ пред неколку дена беше примена во Ургентниот центар во Белград откако се пожалила во полиција на повреди кои наводно ѝ ги нанела С.Д.(47) по физичката пресметка на паркингот на плоштадот во Земун.
Препорачано
Третото основно јавно обвинителство во Белград ја соопшти официјалната информација за овој случај. Како што пренесуваат тамошните медиуми, гореспоменатата С.Д. може да се соочи со затворска казна од три месеци до три години, а Слобода наводно не е во домот во Нов Белград, каде што е нејзиниот сопруг, актерот Војин Ќетковиќ.
Како што пренесува српски „Блиц“, сосед кој живее на истиот кат со семејството Ќетковиќ открил:
„Слобода отиде во викендичката што ја имаат во Срем, ми се чини во Чортановци. Таа замина веднаш откако излезе од болница. Таа вечер на порталите читав што ѝ се случило и после тоа слушнав мрморење во ходникот, Слобода разговараше за нешто со Војин, а слушнав и како се поздравуваат. Следниот ден од друга сосетка дознав дека Слобода вечерта отишла во викендичката за да не и пречат новинарите и да се смири по непријатната ситуација“, изјавил соседот.
По инцидендтот се огласи Слобода која на социјалните мрежи напиша:
„Ви благодарам добри луѓе за грижата. Случајот е предаден во полиција, како и видеото од безбедносните камери кои јасно докажуваат дека не сум била ниту метар пред коленото на жената. Точно е дека ме нападна и дека била под дејство на алкохол“, напишала Слобода.
Таа додаде дека случајот го остава на полицијата и дека нема дополнително да се огласува.
А по ова, медиумите стапија во контакт и со жената која наводно ја истепала, Слобода.
„Ме удри со својот автомобил… Почнав да ѝ кажувам дека ме удрила, таа одби и почна да ја спомнува мајка ми. Се обидов да ја спречам да си оди додека не дојде полиција. Не гледаше каде оди, ме удри со предниот дел од автомобилот. Таа спомнува агол што не можела да го види. И мене не ми беше важно, ја изгубив мајка ми, ништо не ме интересираше. Само сакам да ја погребам мајка ми и ова да престане. Не ја допрев, сè е лага – изјавила С. Д за „Блиц“.
Слобода Миќаловиќ претепана! Српската актерка пренесена во Ургентен центар во Белград