Фото: Принтскрин / Јутјуб

Осум години без легендарната пејачка Љупка Димитровска

На денешен ден во 2016 почина Љупка Димитровска, македонско-хрватска пејачка на забавна музика.

Таа беше позната низ територијата на поранешна Југославија. До крајот на својот живот, Димитровска живееше во Загреб, каде што исто така беше позната изведувачка на хрватски јазик.

Нејзин сопруг беше Никица Калоѓера, кој почина во 2006 година. Својата најголема популарност ја стекна во седумдесеттите и осумдесеттите години.

Првиот албум на Димитровска, која сè до нејзината смрт живееше и работеше во Загреб, беше насловен „Љупка“ и објавен во 1975 година. За речиси половина век на музичката сцена, таа остави многу хитови, од кои најголем дел беа напишани од нејзиниот сопруг.

Како уметница се афирмираше не само во бивша Југославија, туку и во Источна Германија, Чехословачка, Грција, Франција и многу други земји.

На македонски јазик, најголем хит на Љупка Димитровска беше „Ѕвона ѕвонат“, изведена во 1990 година на фестивалот „Макфест“ во Штип. Со песната „Адио“ освои прво место на фестивал во Атина во 1970 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот