Затворот во Штип Фото: МИА

Осуден разбојник сакал да бега во Грција, го вратиле да лежи седум години во штипскиот затвор

На 06.02.2025 во 21.30 часот на автопат А1 во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода З.В.(43) од Штип. Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и две месеци за сторено кривично дело „разбојништво“, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за доиздржување на две години и пет месеци од казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот