Марк Дејвид Чепмен / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останува во затвор: Убиецот на Џон Ленон по 14-ти пат одбиен да биде пуштен на условна слобода

На опсесивниот обожавател на Џон Ленон, Марк Дејвид Чепмен (70), кој го уби популарниот член на „Битлси“ пред станбената зграда во Њујорк во 1980 година, е одбиен 14-ти пат по ред за обидот да биде пуштен на условна слобода, објавува „Тајмс“.

Чепмен помина повеќе од 40 години во затвор и отслужува казна од 20 години до доживотен затвор за убиството на Џон Ленон во декемвриската ноќ кога тој и неговата сопруга Јоко Оно се враќале во својот дом во зградата Дакота на Менхетен.

Чепмен, кој се наоѓа во затворот „Грин Хејвен“ во Њујорк, излегол пред комисијата за условно ослободување на 27 август, барајќи да биде ослободен по повеќе од четири децении зад решетки. Барањето е одбиено, соопштила портпаролката на Одделот за корекции и надзор на државата Њујорк за „Тајмс“.

Неговото следно сослушување е закажано за февруари 2027 година, рекло службеното лице.

Чепмен  на претходните сослушувања изјавил дека сè уште чувствува каење за убиството и дека би сфатил доколку мора да го помине остатокот од животот во затвор.

Тој рекол дека го убил Ленон затоа што верувал дека тоа ќе му донесе слава.

Јоко Оно (92) постојано повторува дека Чепмен треба да остане во затвор и дека се плаши за својата и за безбедноста на своите деца ако тој биде ослободен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот