Останавме само со 1 авион за гаснење, а пожарите во Македонија беснеат

Дирекцијата за заштита и спасување има само еден функционален авион за гаснење пожари, познат како „ер-трактор“, а другите два се со дефекти информираше директорот на Дирекцијата Џеват Селами.

-Едниот авион треба да се сервисира, другиот го поправивме со механичари од Шпанија, ама пак се појави истиот проблем. Моментално само едниот авион е во употреба, а за другиот ќе видиме до утре каква ќе биде состојбата и дали ќе може да лета, рече Селами.

Според директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во моментов немало потреба од други летала за пожарот во прилепско, бидејќи ер-тракторот се користел само превентивно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот