Илустрација / Фото: Зоран Димовски, Слободен печат

Основците од Трубарево од денеска повторно се вратија во училишните клупи

Откако Владата и МОН минатата седмица донесоа одлука за онлајн настава на четири основни училишта во реонот на Трубарево поради пожарот во фабриката за рециклирање електронски и електричен отпад, околу 1.800 ученици од денеска продолжија со настава со физичко присуство.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека доколку добијат информации од надлежните министерства за загрозеност на здравјето на учениците и наставниците, повторно брзо ќе се реагира и тие ќе учат онлајн.

„Учениците од четирите училишта во Трубарево од денеска се со физичко присуство. Доколку Министерството за животна средина или Министертсвото за здравство нè информираат за промена во состојбата, така како што промптно, во сабота и недела, одлучивме да одат на онлајн-настава, така повторно би го направиле тоа. Но, сега засега нема опасности и тие ќе си одат со физичко присуство затоа што нема подобра настава и не се постигнуваат подобри успеси на учениците освен со физичко присуство“, изјави Јаневска.

Претходно од 14 до 19 септември, онлајн настава беше организирана во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“, сите на територијата на општина Гази Баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот