ФОТО/Фејсбук

Османи вели дека имала „суштински“ разговор со Марко Рубио

Косовската претседателка Вјоса Османи во средата изјави дека имала „суштински“ разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио за време на нејзината посета на САД, пишува Газета експрес.

Османи одржа неколку средби со претставници од различни земји, вклучително и од американскиот Стејт департмент, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Со секретарот Рубио, суштински разговор синоќа на приемот што го организираше претседателот Трамп“, напиша Османи на Фејсбук, без да даде дополнителни детали за состанокот.

Османи разговараше со Рубио откако односите меѓу Косово и САД претрпеа удар во септември. Вашингтон на 12 септември објави прекин на планираниот стратешки дијалог поради дејствијата на косовската влада, за кои рече дека ги зголемиле тензиите и нестабилноста во земјата.

Османи изрази „длабоко жалење и загриженост“ поради одлуката на САД да го прекине планираниот стратешки дијалог.

Се очекуваше Косово и САД да го финализираат договорот за стратешкиот дијалог оваа година, откако Османи објави во јануари дека двете земји постигнале договор.

Привремената влада на Косово, предводена од Албин Курти, ги отфрли критиките на САД, велејќи дека нејзините постапки се „законски и уставни, секогаш насочени кон отстранување на изворите на нестабилност, со цел да се обезбеди долгорочна и одржлива стабилност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот