Фото: Фејсбук

Османи: Оваа влада нè претвори во бебе на српско-рускиот свет

„Сега има две опции – или си со ЕУ или си со српскиот свет, сива зона нема. Тие се меѓусебно поврзани. Секој што прави чекор кон ЕУ, се оттргнува од српскиот свет. И, дали сте забележале? Секој што прави чекор кон ЕУ станува цел на напади“, вели кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи и поранешен министер за надворешни работи.

Тој ја осуди политиката на актуелната влада, обвинувајќи ја за сервилност и блокада на европската перспектива.

– Оваа влада ја блокира европската перспектива, затоа сме претворени во бебе на српско-рускиот свет, кој ги има заробено сите инструменти – заклучи тој.

Османи порача дека земјата веќе ги има добиено сите неопходни гаранции од ЕУ и дека сега е време за одлучни чекори напред, а не за политички игри.

-Северна Македонија ги доби гаранциите во моментот кога ја дефинираше преговарачката рамка. Таму сите прашања се регулирани. Сега не треба да се злоупотребува темата за ЕУ – рече Османи.

Потсети и на историските настани што покажуваат колку е оваа дилема длабоко вкоренета.

– Знаете кога се случи атентатот врз Глигоров? Еден ден откако се врати од Белград и соопшти дека ќе се оттргнеме од Југославија. Знаете ли зошто секој обид за договор со Бугарија и со Грција, или за приближување на земјата кон ЕУ, наидува на демонизација и пропаганда? Затоа што секој чекор кон ЕУ е чекор на оттргнување од српскиот свет. Секој чекор назад е чекор кон српскиот свет – рече Османи

Според него, на претседателот на собраниската Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за разузнавање и на Агенцијата за национална безбедност, Скендер Реџепи, кој е во коалиција со ДУИ, намерно не му се издава безбедносен сертификат за да не може да свика состанок.Тој додаде и дека мора да прекине циклусот на прислушување. Потсети дека и он лично бил жртва на прислушување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот