Османи ќе се обрати на првата Конференција за климатски промени во организација на ОБСЕ

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Виена, Австрија во седиштето на ОБСЕ. Во рамки на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе има обраќање на првата Конференција за климатски промени во организација на ОБСЕ.

Претседавачот ќе биде дел и од панел-дискусијата „Премостување на националната и глобална акција – Регионална соработка за справување со климатските промени“.
Османи во Виена ќе оствари и бројни билатерални средби, меѓу кои со министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, со Американскиот специјален претставник за клима и поранешен државен секретар на САД, Џон Кери и со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак.

Министерот ќе учествува и на настан по повод 30 годишнината од основањето на Високиот комесаријат за национални малцинства на ОБСЕ – „Научени лекции и потенцијални предизвици – Градење на долгорочна социјална кохезија во Југоисточна Европа“.

-Климатските промени и справување со предизвиците по безбедноста предизвикани од нив, како и градењето доверба, се дел од клучните приоритетите на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, наведува МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот