фото: pixbay

Ослободете се од отечените очи

Од разни причини може да се случи да станете наутро со потечени очи или пак да ви се појават до вечерта – недоволно сон, претерано плачење, преголемо внесување сол во организмот, емоционален стрес, собирање токсини во телото, разни иритации и тн.

За да се ослободите од оваа непријатна состојба можете да си помогнете со следните трикови:

– Држете ја главата во подигната положба. Ставете неколку перници под главата за да биде подигната и да го спречите насобирањето течност под очите. Симптомите треба да исчезнат за 2-6 часа.
– Ладни облоги од мраз ставен во газа ставете на очите. Повторувајте ја постапката додека се намали отокот.
– Резанки краставица или компир ставете на затворените очи и држете ги 15- 30 минути.
– Облоги од ружина водичка на памук држете ги на затворените очи 15-20 минути.

Овие методи се најефикасни и сигурни во третирањето потечени очи. Најдобар лек за ваквиот проблем е при активноста и превентивните методи. Ако продолжат да ви се појавуваат отоци под очите, одете на лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот