Орце Ѓорѓиевски - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Орце Ѓорѓиевски - Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Орце Ѓорѓиевски: Како градоначалник ќе го пуштам во употреба подземниот булевар Македонија

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за „Нова Македонија“ изјави дека еден од неговите главни приоритети е решавањето на проблемите со јавниот превоз.

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за „Нова Македонија“ изјави дека негов приоритет е целосна обнова на јавниот превоз во главниот град.

– Јавниот превоз е крвотокот на секој модерен град и токму затоа сметам дека неговиот развој е клучен за Скопје. Мојата визија е да изградиме јавен транспорт кој ќе биде прв избор на скопјани, брз, достапен, удобен и пред сè, сигурен. Сакам луѓето да можат без двоумење да изберат автобус, знаејќи дека ќе стигнат на време, со квалитетна и безбедна услуга – посочи тој.

Првиот приоритет, според Ѓорѓиевски, е целосна обнова на возниот парк со нови, еколошки автобуси и воведување ред и дисциплина во работењето на ЈСП. Тој признава дека сегашната состојба е тешка – автобусите се стари, честопати се расипуваат, а линиите не ги покриваат сите делови од градот – но нагласува дека има јасен план и решеност да ја промени оваа слика.

Тој истакна дека сообраќајниот хаос ќе го решава преку изградба на нови булевари, мостови и кружни текови, како и со катни гаражи за ред во паркирањето.

— Особено ќе се вложи во изградба на нови кружни текови и мостови, меѓу кои и новороектираниот, кој ќе ги поврзува Ново Лисиче кај последна петка и општина Гази Баба и улицата Перо Наков, а ќе бидат ставени во функција и мостот во близина на салата на МЗТ Скопје кој го поврзува Булеварот АСНОМ во Општина Аеродром со булеварот Александар Македонски, како и мостот на Љубљанска во општина Карпош кој ги поврзува Карпош IV со локалитетот Скупи, како и со населените места Бардовци и Злокуќани.

Врвен приоритет ќе биде пуштањето во употреба на подземниот булевар Македонија, под Лимак, и изградбата на трите кружни текови на излезот и влезот на оваа клучна сообраќајница за главниот град — рече Ѓорѓиевски.

Кандидатот најави и мерки против загадувањето на воздухот – построг надзор врз индустриските загадувачи, субвенции за почисто затоплување и трансформација на депонијата Вардариште во голем парк.

— Планирам садење дрвореди покрај сообраќајниците, како и проширување на постоечките паркови. Зеленилото не само што го прочистува воздухот, туку создава и квалитетно живеалиште за граѓаните, простори за рекреација и одмор — додаде тој.

Во делот на урбанизмот, Ѓорѓиевски посочи дека ќе го следи моделот од Кисела Вода со меѓународни конкурси и со активно вклучување на граѓаните и експертите.

За пренаселеноста во главниот град, тој оцени дека решението е рамномерен развој на целата држава со капитални инвестиции во сите општини, со цел луѓето да имаат услови за живот и вработување и надвор од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот