Членови на Горди момчиња Proud Boys (десно) и Антифа (лево) се конфронтираат за време на потпретседателската дебата во Јута / 7 октомври 2020, САД / Фото: GEORGE FREY / AFP / Profimedia

Орбан сака групите на левичарската  Антифа во Унгарија да бидат прогласени за терористички организации

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека сака левичарските групи Антифа во Унгарија да бидат прогласени за терористички организации.

„Крајно време е организации како Антифа во Унгарија да бидат прогласени за терористички, како што е случајот во Соединетите Американски Држави“, изјави Орбан за јавното радио, коментирајќи слична иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп.

Орбан ја поздрави одлуката на Трамп, додавајќи дека ќе предложи Будимпешта да го стори истото.

„Антифа е токму тоа, терористичка организација. Тие дојдоа во Унгарија, тепаа мирни луѓе на улиците, а некои беа претепани речиси до смрт. А потоа левичарските европратеници ѝ држат предавања на Унгарија за владеењето на правото. Тоа нема да помине“, заклучи Орбан.

Орбан и Трамп Фото: EPA-EFE/Zoltan Fischer HANDOUT HUNGARY OUTHANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Американскиот претседател претходно објави дека ќе ја означи претежно левичарската активистичка група Антифа како „голема терористичка организација“ и повика на истрага за нејзините наводни финансиери.

Тој додаде дека „исто така, силно ќе препорача оние што ја финансираат Антифа да бидат темелно истражени во согласност со највисоките законски стандарди и практики“.
Во текот на изминатата недела, Трамп и неговите сојузници се побунија против „радикалното левичарско политичко насилство“ по убиството на американскиот патриот Чарли Кирк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот