Артан Груби
Артан Груби / Фото: Facebook

Оптимизам кај Груби за уставните измени: Зборуваме и пишуваме македонски, никој не нè бугаризираше

Видливо е проевропско крило во опозицијата која ќе ги поддржи уставните измени, истакна денеска првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по одбележувањето на годишнината од формирањето на Агенцијата за национална безбедност.

Јас сум апсолутен оптимист затоа што имаме апсолутна поддршка од сите проевропски сили во земјава и надвор во однос на уставните измени и во однос на продолжување на европскиот пат на нашата држава. Гледате дека ништо не се случи по одржувањето на меѓувладината конференција во Брисел. Се уште зборуваме македонски. И јас денеска зборувам македонски, пишуваме македонски и никој не не бугаризираше, не не асимилираше и сето тоа беше една лажна вест и една пропаганда исто како што беше лажна вест и Тиранската платформа и дека сите Македонци ќе мора да учат албански јазик или дека ќе се подели Македонија, истакна Груби.

Тој нагласи дека не се владее во државата со страв и дека не се владее со граѓаните со вметнување на секојдневни стравови, туку со соочување со реалноста.

Реалноста е дека македонскиот јазик е официјален, ќе биде официјален во ЕУ, договорот со ФРОНТЕКС ќе се потпише на македонски и нашите секојдневни контакти со опозициски пратеници ни влеваат оптимизам дека тие ќе го поддржат тоа и гледаме веќе развивање на едно проевропско крило и во опозицијата што ме радува многу затоа што имаме потреба од опозиција која што е евроатлантски ориентирана посебно во овие предизвикувачки времиња за државата, истакна вицепремиерот Груби.  

Потенцираше дека Владата не се крие од одговорноста во однос на овој процес како и дека гордо пристапува кон него, но и дека е  убеден дека ќе останат на чело на уставни измени и дека проевропските сили во опозицијата ќе надвладеат контра регресивните, коишто, според него, не сакаат земјата да ја видат во ЕУ. 

Груби очекува приоритет на новото раководство на АНБ да биде проверката на државјанствата

 

Со директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски имавме голем напредок во врска со проверката на големиот број државјанства во Агенцијата, но со новата администрација очекувам ова прашање да биде приоритетно, порача денеска вицепремиерот Артан Груби по одбележувањето на годишнината на АНБ  во Клубот на пратениците, за која манифестацијата беше затворена за јавноста.

Тоа е сериозен проблем со којшто се соочуваме веќе години наназад заради наследени проблеми. Јас сум имал неколку средби со директорот на Агенцијата за национална безбедност по однос на ова прашање. Сме имале напредок, голем напредок, затоа што има голем застој во случаите од претходната администрација. Но, како што веќе знаете дека сегашниот директор веќе е назначен за амбасадор на нашата земја во Франција и сметам дека со новата администрација во Агенцијата прашање ќе биде едно од приоритетните со кое што треба да се соочиме и да го решаваме, истакна Груби.

Одбележувањето на годишнината на АНБ беше најавено од вицепремиерот Артан Груби,  а на настанот присуствуваа министри, генерали, јавни обвинители, судии и други…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот