Општинските граници да ги кројат експерти, а не политичари
Мариела Трајковска
Пред
Малку е веројатно дека наскоро ќе има обид за ново прекројување на општинските граници, бидејќи македонскиот политички блок стравува од етнизација на прашањето и отворање на Пандорината кутија. Експертите се изречни во тврдењето дека ако се отвори темата за нова територијална поделба на општините, таа не смее да се политизира, туку да се заснова на сеопфатна анализа на економски, демографски, социјални параметри.
Потребна е нова територијална поделба на општините, децидни се експертите. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е спремен да се разговара на таа тема, зашто политичките прашања се затворени, додека лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека станува збор за сериозна тема, која ако се отвори како прашање треба да ги вклучи сите партии, експери од областа и Европа, во контекст на процесот на интеграција на земјава.
Сепак, малку е веројатно дека наскоро ќе има обид за ново прекројување на општинските граници, бидејќи македонскиот политички блок стравува од етнизација на прашањето и отворање на Пандорината кутија. Експертите се изрични во тврдењето дека ако се отвори темата за нова територијална поделба на општините, таа не смее да се политизира, туку да се заснова на сеопфатна анализа на економски, демографски, социјални параметри.
Ни од ДУИ, ни од Вреди не ни одговорија на прашањето дали е потребна нова територијална поделба. Прашањето за нова реорганизација на општините ја актуелизира премиерот Мицкоски во интервјуто за „360 степени“, кога беше прашан – зошто во кампањата за локалните избори не се зборува за суштински теми како што е фискалната децентрализација.
– Тоа е суштината. Ако ние направиме фискална децентрализација, добрите општини, тие неколку, ќе бидат уште подобри, слабите општини ќе бидат послаби, а тие се многу. Јас сум за тоа да се седне и да се разговара за нова територијална организација, бидејќи сите политички прашања се затворени. Така тврдиме сите политичари на политичката сцена, велиме Рамковниот е затворен, сите политички прашања се затворени. Јас овие зборови од Али Ахмети сум ги слушнал – дека Охридскиот договор е исполнет, така што, еве, јас велам ако тоа е така, ајде сега да биде подобро за граѓаните, да се свртиме кон граѓаните, да почнеме за нив да размислуваме. Еве да ја оставиме политиката настрана, да го оставиме етноцентрализмот настрана, да се фокусираме кон граѓанинот. Дали на граѓанинот му е потребна оваа територијална поделба или можеби со групирање, присоединување, додавање, одземање… Некоја поинаква територијална распределба во државата е потребна. Јас апсолутно сум подготвен на таа дебата бидејќи, тврдам, врз основа на нашите анализи, ако одиме со таков тип фискална децентрализација, неколку добри општини ќе бидат уште подобри, а сите други ќе бидат само послаби – вели Мицкоски за „360 степени“.
Висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ брифира дека не верува оти новата територијална поделба би била во агендата на мандатот на актуелната Влада, зашто не верува дека партиите ќе се држат до реалните параметри.
Филипче: Да бидат вклучени и политичарите и експертите
Опозицискиот лидер Филипче за „Слободен печат“ вели дека темата е сериозна и ако биде ставена на маса, треба да ги вклучи и политичарите и експертите. Но тој е скептичен дека тоа е возможно зашто, како што вели, година и пол не успева власта и опозицијата да изградат консензус за две битни теми – правосудството и националното обединување.
Венко Филипче – Претседател на СДСМ – Фото Слободен печат – Методи Здравев
– Мислам дека изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за нова територијална организација е паушална. За сите крупни теми треба да се разговара со сите политички субјекти и да се вклучи факторот експертиза и факторот Европа што, според мене, е предизвик. Европа во смисла на процесот на интеграции, затоа што ние, зајакнувајќи го системот, приближувајќи ги нашите закони со европските, сигурно дека нешто ќе има и во делот на фискалната децентрализација. Предизвик е зашто ние ја немаме таа култура, и тоа е главниот проблем. Кога ние би имале политичка култура да седнеме и да дебатираме, макар и да не се договориме, првиот чекор е направен, но за жал ја немаме. Еве, јас лично се обидувам да го направам тоа конкретно на две теми изминатава година и половина. На тема правосудство и на тема национално обединување, за жал, еве каков е одговорот. Ние имаме многу сериозни теми коишто со такво трипартитно партиципирање треба да се решаваат за државата, на пример, локалната самоуправа во контекст на гуповите и на дуповите, реформа во даночниот систем, во образованието и здравството, како ќе градиме кадар за следните 10-15 години во државата. Сериозни теми нè чекаат, а ние сè уште не може ни да седнеме – вели Филипче и не навлегува во детали за нова територијална поделба.
Висок функционер од СДСМ вели дека во партијата досега не е разговарано за евентуална нова територијална организација на општините.
Герасимовски: Прашањето е секогаш валидно од фискална природа
Поранешниот директор на Заводот за статистика и демограф Дончо Герасимовски во разговор за „Слободен печат“ смета дека е потребна нова територијална поделба на општините, односно тие да претрпат нова прераспределба. Тоа како прашање било отворено пред неколку години но, како што вели, од меѓународини институции и од некои амбасади имало сигнали дека не е моментот.
Герасимовски учествувал во територијалната поделба од 34 на 123 општини, бил во две комисии во експертскиот и во стручниот дел и учествувал и во втората територијална поделба, кога државата се пoделила на 84, односно на 80 општини и Градот Скопје.
– Од аспект дека состојбите постојано се менуваат, никогаш во животот и во работата не треба да се кажува „не е сега моментот. Сегашната поделба кај нас е на 80 општини, за разлика од други држави кои ни се блиски по територија и по број на население, а имаат двојно или тројно повеќе општини од нас. Словенија има површина од околу 20.000 км квадратни, Македонија околу 5.000 километри повеќе, а по население сме доста блиску, но Словенија има 12 региони, а ние 8. Словенија има 212 општини и околу 7.500 населени места. Но прашањето секогаш е од фискална природа, од економските и социјалните состојби – вели Герасимовски.
Тој додава дека Словенија е далеку економски посилна, има повеќе средства и членка е на ЕУ. Според него, многу важна е економската состојба за опстанокот на општините и дека затоа се покренало прашањето за нова територијална поделба. Герасимовски вели дека кај нас има многу големи, но и многу мали општини, односно општина со 100.000 жители, но и со 2.000 жители.
– При територијалната поделба битно е кои параметри треба да се согледаат. На пример, бруто домашниот производ, социјалната страна, површината на општината, бројот на населени места, индустриските капацитети, тоа е широка рамка на аспекти и параметри што треба да се стават во корелација. Од тој аспект, општините треба да претрпат територијална поделба – вели Герасимовски.
Навремено треба да се следат состојбите, нагласува тој, за да се види дали треба да се
намали или зголеми бројот на општини, односно треба комплетна длабинска анализа.
– Обично велат: да, тоа е вашето стручно мислење, но одлучува политиката, односно партиите. Јас не гледам така, ова се факти, аргументи и документи. Еве, која општина досега е казнета? Ќе има локални избори и ќе констатираме дека општина Х е во минус пет милиони евра. Кој е казнет за тоа и кој одговарал? Никој! Државата ги враќа парите, политичатот си продолжува. И ќе кажат – општината ги врати парите, а од каде ги врати? Ако дала државата пари, тогаш страдаат граѓаните. Мора да се избегне политизација и партиска определба. Територијална поделба треба, но со стручни луѓе, тимови, стручен аспект, а не политиката да одлучува – заклучува Герасимовски.
За последната територијална поделба кога Македонија беше поделена на 84, односно 80 општини и Градот Скопје, во 2004 година беше распишан задолжителен референдум. На референдумот мнозинството се изјасни против новата територијална организација, но тој беше неуспешен, бидејќи немаше цензус.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Потребна е нова територијална поделба на општините, децидни се експертите. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е спремен да се разговара на таа тема, зашто политичките прашања се затворени, додека лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека станува збор за сериозна тема, која ако се отвори како прашање треба да ги вклучи сите партии, …
Ние не ветуваме, ние ќе работиме и ќе покажеме дека Бутел може да биде безбедно место, хумано место, каде што секој, народски кажано, со мерак ќе живее. Да го вратиме оној маалски живот. Бутел е преубава општина за живеење, богата со сите етнички заедници. И сметам дека имам зад мене тим што прво ќе ги …