Општината го отстрани дрворедот поради реконструкција на улицата „Македонски просветители“ / фото: Чист Охрид/Фејсбук

Општина Охрид ќе ги пресадува на друга локација здравите дрвја кои ќе ги откорне во центарот

Здравите дрвја засадени на локацијата што влегува во опфат на проектот за реконструкција и проширување на улицата „Македонски просветители” во центарот на Охрид нема да се сечат, туку ќе бидат пресадени на друга локација.

Охридската локална самоуправа го прифатила предлогот на советничката од редовите на Левица во новиот состав на Советот на Општината, за обезбедување соодветна механизација за ископување на дрвјата сосе коренот, со можност за нивно пресадување на друга локација.

Советничката Виолета Аврамоска на својот фејсбук-профил уште објави дека општинските комисии за урбанизам и за финансии и буџет во кои и таа членува, на последната седница не ги прифатиле доставените предлог-одлуки за продажба на државно земјиште и тоа на локација кај Мауцкер по цена од евро за метар квадратен, како и за продажба на два објекти од комплексот кај поранешната касарна по цена од 70 денари по метар квадратен.

Нејзин предлог бил објектите во касарната да се искористат за социјални проекти, со забелешка дека од нивната продажба за 70 денари по метар квадратен општината нема да има никаков бенефит.

Претседателот на Советот на Општина Охрид денеска ги известил советниците дека спорната точка ќе биде повлечена од дневен ред на шестата седница на Советот закажана за задутре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот