
Општина Центар: Градинката за инцидентот со шприцот дознала три дена подоцна, но веднаш презела мерки
Оттаму додаваат дека минатиот вторник на 9 септември, наставниот тим на градинката одржал средба со претставник на групата родители на која се заклучило дека патролното обезбедување треба да врши почеста контрола на територијата каде се наоѓа градинката и да биде засилен надзорот и хигиената во дворот во утринските часови
По ширењето на веста дека деца од градинка во општина Центар пронашле искористен шприц и со него си играле и гребеле, од Општина Центар реагираа дека децата се проверени и се во добра здравствена состојба.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Деца нашле шприц во дворот на скопска градинка, ја скршиле иглата и се гребеле со неа
„Во однос на информациите кои излегоа во јавноста дека деца во градинка во Центар пронашле искористен шприц, Градинката „13 Ноември” информира дека детето го извадило шприцот без игла од џебот откако се вратило дома, а потоа откако поминал празникот, по три дена родителите ја алармирале градинката. Двајцата родители имале состанок со директорката.
По кажувањата на детето, инволвирани во играта со шприцот биле уште три-четири деца, од кои само едно дете имало гребнатинка која може да е и од некоја гранка од оградата. Децата се проверени од лекар и родителите велат дека се во добра здравствена состојба. За време на инцидентот имало учителки во дворот, а шприцот најверојатно бил фрлен преку оградата каде се играле децата“, се вели во реакцијата од Општината.
Дополнително, оттаму додаваат дека минатиот вторник на 9 септември, наставниот тим на градинката одржал средба со претставник на групата родители на која се заклучило дека патролното обезбедување треба да врши почеста контрола на територијата каде се наоѓа градинката и да биде засилен надзорот и хигиената во дворот во утринските часови, како и да се разговара со децата за потенцијалните опасности по нивното здравје во однос на предмети кои не им се познати.