Opel подготвува нов SUV со 7 седишта (ФОТО)

Иако на првите фотографии автомобилот е покриен со маскирна фолија, дизајнот на новиот SUV на Opel е евидентен.

Засега е познато дека ова возило во гамата на производителот од Ризејлхам ќе го заземе местото над моделот Grandland X и најверојатно ќе ја дели механичката платформа со моделот Peugeot 5008, a ќе биде достапна и опција со три реда седишта во кое ќе може да се пренесат 7 лица.

Под камуфлажата може да се видат одредени стилски детали кои се карактеристични за најновите автомобили на Opel, како предните светлосни групи. Премиерата на овој, засега неименуван модел, се очекува да биде во 2020. година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот