ОН: Израел има за цел трајна контрола врз Газа и еврејското мнозинство на Западниот Брег

Израелската влада покажа јасна намера трајно да го контролира Појасот Газа и да обезбеди еврејско мнозинство на Западниот Брег, се наведува во извештајот на комисијата на Обединетите нации.

Извештајот на ОН детално го опишува уништувањето на цивилната инфраструктура во Газа, извршено од израелските власти како дел од воените операции во тампон-зоната и коридорите, што доведе до проширување на израелската контрола над 75 проценти од Газа до јули оваа година, објави Ројтерс.

„Израелските сили, исто така, намерно ја изменија географијата на Газа со создавање воени коридори, проширување на граничната тампон-зона и воспоставување безбедносни зони“, се вели во извештајот.

Израел ги отфрла тврдењата, инсистирајќи дека неговата војна е насочена против Хамас, милитантната група што ја контролира Газа и изврши напади на израелска територија во 2023 година што го предизвикаа конфликтот.

Израелската мисија во Женева ги осуди наодите од извештајот на ОН, нарекувајќи ги политички мотивирани.

„Хамас има геноцидна намера кон Израел, а извештајот на ОН целосно ги смени работите и служи како доказ за неговата политичка позиција и агенда“, соопшти израелската мисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот