Израелски напади врз појасот Газа EPA/MOHAMMED SABER

ОН: ИДФ убиле 613 жители на Газа во центрите за помош од крајот на мај

Според податоците на Обединетите нации, најмалку 613 лица се убиени во Појасот Газа од крајот на мај во близина на центрите за дистрибуција на храна и конвоите со хуманитарна помош, пренесува Н1.

Од 613 убиства, 509 се регистрирани во контроверзните дистрибутивни центри управувани од Хуманитарната фондација Газа (ГХФ), изјави во петокот во Женева портпаролката на Канцеларијата за човекови права на ОН Равина Шамдасани .

Фондацијата започна со работа во Појасот Газа кон крајот на мај по речиси тримесечна израелска блокада на хуманитарна помош.

GHF не соработува со организациите на ОН, кои ја критикуваат фондацијата за тоа што има премалку центри и за тоа што ги изложува оние на кои им е потребна помош на екстремна опасност.

Израелската војска е одговорна за смртоносните инциденти поврзани со дистрибуцијата на хуманитарна помош, според палестински извори.

Рик Пиперкорн , претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) на палестинските територии, потврди дека повеќето од смртните случаи и повредите се поврзани со центрите за GHF.

Инцидентите биле пријавени директно во СЗО од медицински професионалци и роднини и пријатели на жртвите, рече тој.

Жртвите биле претежно момчиња кои оделе пеш до центрите за да побараат помош за своите семејства кога биле застрелани „во главата, вратот, градите, стомакот и колената“, изјави претставник на СЗО на видеоконференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот