Откопување на масовни гробници во Перу на жртви од граѓанската војна/Фото: Handout / AFP / Profimedia

ОН: Амнестијата за злосторства од граѓанска војна во Перу „ги крши меѓународните норми“

Перу „има должност“ да ги казни оние што извршиле сериозни кршења на човековите права, нагласија експертите на ОН во четврток, повикувајќи ја владата на латиноамериканската земја да стави вето на законот за амнестија за злосторства извршени за време на дваесетгодишниот граѓански конфликт меѓу државата и левичарските герилски движења.

Овој закон, кој беше усвоен член по член и во целост пред една недела, а сега треба да го ратификува перуанската претседателка Дина Болуарте, им дава амнестија на припадниците на силите на редот и паравоените организации против кои се поднесени обвиненија, се спроведуваат истраги или се издадени пресуди за злосторства за време на војната меѓу државата и Светлата патека (SL, маоисти) и револуционерното движење Тупак Амару (MRTA, Гевараисти).

Граѓанската војна во Перу, која беснееше од 1980 до 2000 година, остави околу 70.000 мртви.

„Перу има должност да ги истражува, гони и казни сериозните кршења на човековите права и злосторствата (според) меѓународното право извршени за време на вооружениот конфликт“, потсетија експертите, кои дејствуваат по мандат од Советот за човекови права на ОН, во соопштението, иако не зборуваат во име на меѓународната организација.

Контроверзниот закон „ги крши меѓународните правила“ , според кои „амнестиите или помилувањата за такви сериозни злосторства се забранети“, нагласија тие.

Законот за амнестија би можел да ги поништи пресудите во 156 случаи што стигнале до конечна пресуда и да запре над 600 тековни судски постапки поврзани со злосторства извршени за време на граѓанската војна, истакнаа тие.

Експертите ја повикаа перуанската влада да „го искористи своето уставно право да стави вето на овој закон, кој очигледно ги крши меѓународните обврски на Перу“.

Роднините на жртвите, со „огорченост, болка и гнев“, го опишаа законот како „нелегален“ и „неправеден“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот