
Олимпискиот шампион Трстена го честита успехот: Шкендија претставува нешто многу повеќе од градот Тетово – ја претставува цела Македонија
Спортисот на векот на Македонија е воодушевен од успехот на Шкендија во европските натпреварувања
Прославениот борач Шабан Трстена, олимписки шампион и спортист на векот во Македонија, со објава на „фејсбук“ и го честита големиот успех на Шкендија, пласманот во третото квалификациско коло на ЛШ, што автоматски значи обезбедено учество во групната фаза на Конференциската лига 2025/2026.
Препорачано
Еве ја честитката од Трстена:
Таков е спортот, кога имаш добар претседател и силно раководство, имаш и одлични спортисти. Затоа Шкендија, со своите фудбалери, ја пишува историјата со срце и со златни букви. Се пласира во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите! Шкендија не е само фудбалски клуб, таа е симбол на гордост. Таа претставува нешто многу повеќе од градот Тетово – ја претставува цела Македонија, и тоа достоинствено, во Европа и пошироко. Да се победи поранешен европски шампион е голем успех, а да се елиминира поранешен европски шампион е фантастичен успех. Синоќа, секој играч што го носеше дресот играше со срце не само за победата, туку за сите навивачи што го носат овој амблем во својата душа.
Честитки, Шкендија! Вие прв пат во историјата на клубот обезбедивте европска сезона, сега имате мотивација да продолжите со победи. Успех и во следните натпревари што доаѓаат. Со голема почит од олимписки шампион.Ш.Т

Шабан Трстена е златен медалист од Летните олимписки игри во Лос Анџелес 1984 година што е најголем успех на спортист од Македонија. Тој е прогласен за Спортист на векот во Македонија. Трстена има и многу други трофеи.
Масар Омерагиќ им го честита големиот успех на фудбалерите на Шкендија