EPA EFE
Тестирање за коронавирус, Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Оксфорд вакцината против коронавирусот е безбедна и го подготвува имунолошкиот систем да се бори со вирусот

Речиси сите ефективни вакцини предизвикуваат и антитела и одговор на Т-клетките.

Вакцината против коронавирусот, што ја развива Универзитетот во Оксфорд, се чини дека е безбедна и го подготвува имунолошкиот систем.

Испитувањата, во кои учествувале 1.077 луѓе, покажале дека после инјекцијата организмот создал антитела и бели крвни клетки кои можат да се борат со коронавирусот.

Наодите се многу ветувачки, но сè уште е премногу рано да се знае дали тоа е доволно за да се обезбеди заштита, и во тек се поголеми испитувања.

Велика Британија веќе нарача 100 милиони дози од вакцината.

Вакцината – наречена ChAdOx1 nCoV-19 – се развива со невидена брзина.

Изработена е од генетски создаден вирус што предизвикува обична настинка кај шимпанзата.

Тој е многу изменет, прво, за да не може да предизвика инфекции кај луѓето и за „да изгледа” повеќе како коронавирус.

Најголемиот дел од фокусот на коронавирусот досега се однесуваше на антитела, но тие се само еден дел од имунолошка одбрана на човечкиот организам.

Антителата се мали протеини кои ги создава имунолошкиот систем и кои се лепат на површината на вирусите.

Неутрализирачки антитела можат да го спречат коронавирусот.

Т-клетките, еден вид бели крвни клетки, помагаат во координирање на имунолошкиот систем и се способни да забележат која од клетките на телото е заразена и да ја уништи.

Речиси сите ефективни вакцини предизвикуваат и антитела и одговор на Т-клетките.

Кај вакцината од Оксфорд, нивоата на Т-клетките го достигнале максимумот 14 дена по вакцинацијата, а нивото на антитела го достигнало врвот по 28 дена. Студијата не трае доволно долго за да се утврди како изгледа долгорочниот имунитет.

Сепак, има несакани ефекти.

Нема опасни несакани ефекти од вакцината, но сепак, 70 проценти од луѓето вклучени во испитувањето имале или температура со треска или главоболка.

Истражувачите велат дека тоа може да се реши со парацетамол.

– Има уште многу работа да се направи пред да можеме да потврдиме дали нашата вакцина ќе помогне во справувањето со пандемијата на Ковид-19, но овие првични резултати ветуваат, изјави Сара Гилберт, професорка на Универзитетот во Оксфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!