foto: EPA

Окружниот обвинител за пресудата за Трамп: Поротниците ја извршија својата граѓанска должност

Поротниците ја извршија својата граѓанска должност – изјави окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Браг,  по донесената пресуда во кривичниот прогон против поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

Поротата синоќа едногласно го прогласи Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението за подметнување лажна деловна документација за да се заташка поткупот за Сторми Дениелс, актерка во филмови за возрасни, за таа да молчи дека имала врска со него Дениелс, а во предвечерието на претседателските избори во 2016 година.

Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи и организација на поткуп. Исплатата во висина од 130.000 долари ја извршил неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен, кој сведочеше за оваа епизода која се случувала неколку недели пред претседателските избори во 2016 година. Вториот по важност сведок беше самата Дениелс која имаше бомбастични искази пред судот за тоа како таа поминала со Трамп една вечер во хотелска соба во ресорт на езерото Тахо во северна Калифорнија, пренесе МИА.

Браг не одговори на прашањето дали тој ќе бара од судијата Трамп да добие затворска казна, и дека наместо тоа неговиот тим ќе изложи мислење во судските материјали. Таа мерка за Трамп ќе биде определана на 11 јули, на само четири денови до почетокот на Националниот конгрес на Републиканската партија на кој тој треба да добие номинација претседателски кандидат од неговата партија.

-Иако осудениот е тој и на кого најверојатно никого не му е рамен во американската историја, ние пристапивме кон овој процес, и конечно денеска до оваа пресуда, како и кон секој друг случај кој поминува низ суд, изјави Браг.

Тој се заблагодари на 12-те поротници и нивните помошници за сработеното.

-Пред сè сакам да се заблагодарам на поротниците за нивната работа. Членовите на поротното заседание ја исполнија својата граѓанска должност. Нивната служба во буквална смисла е камен темелникот на нашиот судски систем.

На критиките од страна на Трамп Брагс одговори дека „единствениот глас кој има значење е гласот на поротниците, и тие се изјаснија.

Трамп прогласен за виновен за прекршување на законот и плаќање на пари за молчење на Сторми Даниелс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот