Фото: Архива

Околу 50 училишта ќе добијат фотоволотаични системи

На педесетина училишта ширум државава ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период.

Како што соопштија од прес-службата на Владата, Министерството за образование и наука ќе склучи договор за неповратен грант од 1,1 милиони евра со Банка за развој при Совет на Европа за инвестирање во обновливо извори за енергија.

– Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците – се вели во соопштението.

Преку инвестирање во обновливите извори на енергија, како што се наведува, ќе се намалат финансиските трошоци, но и ќе придонесат за намалување на загаденоста на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот