Онлајн настава / Фото: EPA-EFE/BOUGIOTIS VANGELIS

Околу 1.800 ученици од четирите училишта во Трубарево следат онлајн настава

Без проблеми се одвива онлајн наставата за ученици од четири училишта во општина Гази Баба со цел тие и нивните наставници да се заштитат од штетни материи по големиот пожар во магацин за отпад во Трубарево во саботата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

– На мое големо задоволство, наставата тече без пречки. Околу 1.800 ученици од четирите училишта во Трубарево ја посетуваат наставата и досега немаме ниту една поплака – изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања.

Министерството за образование и наука (МОН) на 14 септември информираше дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од вчера 15 септември до петок 19 септември се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн, поради настанатиот пожар во Трубарево.

Поради пожарот во Трубарево, од утре онлајн настава за четири училишта во Гази Баба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот