Фото: Драган Митрески / Слободен печат

ОЈО откри детали: Насилникот од Скопје барал пари – татко му избегал, а тој ја тепал и ја давел мајка си

Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен жител на Скопје, кој е осомничен дека ја нападнал и ја повредил сопствената мајка, во инцидент што се случил вчера во семејниот двор на улицата „Славејко Арсов“ во населбата Водно.

Според истрагата, осомничениот на висок тон барал пари од своите родители. Неговиот татко, вознемирен, го напуштил дворот, но синот продолжил да ѝ се обраќа на мајка си со навреди и грубости, по што и физички ја нападнал – се обидел да ѝ го земе телефонот, ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот.

Исплашена за својот живот, жената успеала да се тргне на страна, додека синот продолжил да уништува предмети, а искршил и саксии низ дворот. Мајката е повредена, а Обвинителството побара притвор за насилникот, поради ризик од бегство и загрозување на жртвата, со која и понатаму живее во иста заедница.

Скопјанец ја натепал својата 68-годишна мајка, па почнал да крши предмети во својот двор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот