
ОЈО бара притвор за родителот кој претепа двајца млади фудбалери во Штип
Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка и побара притвор за родителот кој нападна и повреди двајца фудбалери од младинскиот тим на Брегалница на нивниот натпревар против Шкупи, кој се одигра вчера на стадионот „Бело Брдо“.
Препорачано
-Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Беласица“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв- се вели во соопштението на Обвинителството.
ФФМ | Остра осуда на инцидентот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилство од било кого
Имено, тепачката настанала во 89. минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“.
Незадоволен од одлуката, најпрвин синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот, велат од Обвинителството.
ВИДЕО | Физички нападнати млади фудбалери на натпреварот меѓу Брегалница и Шкупи во Штип
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, имајќи го предвид видот и сериозноста на кривичното дело против јавниот ред, опасноста од бегство на осомничениот и можноста за повторување на делото.