Загаден воздух
Загаден воздух / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Охриѓани вечерва дишат енормно загаден воздух, алармантно е и во Кичево, Гостивар, Струмица…

Охриѓани вечерва дишат енормно загаден воздух, но алармантно е и во другите градови.

Мерните станици покажуваат високо ниво на опасните ПМ 10 честички  – 276,635 микрограми на метар кубен, што е пет и пол пати над дозволеното ниво од 50 микрограми на метар кубен.

Само Кичево вечерва е пред Охрид – според регистрираното ниво на аерозагадување – 378, 092 микрограми на м3, потоа следат Струмица со 263 микрограми на м3, Скопје – 238 микрограми на м3, Битола – 234 микрограми на м3, Гостивар – 175 микрограми на м3, Тетово 147 – микрограми на м3…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!