Илустрација / Фото: Stephen M. Ransom / Flickr

Охриѓанец праќал недолични слики на девојче помладо од него над 30 години

Охриѓанец на возраст од 51 година, испраќал фотографии со недолична содржина на седумнаесетгодишно девојче и го барал истото од неа.  Вчера околу 22 часот бил уапсен и против него ќе биде поднесена пријава.

– Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „застава“ со калибар 12 мм. – соопшти МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот