фото: РФМ

Охрид е домаќин на „Трофеј Македонија“ на кој учествуваат и Грција, Египет и Тунис

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа прес-конференција на која официјално беше промовиран „Трофеј Македонија“ и најавен почетокот на Ракометниот караван 2025. Овие два значајни спортски проекти имаат за цел да го подигнат ракометот на повисоко ниво, да ја зајакнат љубовта кон спортот кај најмладите генерации и да го доближат ракометот до сите љубители низ целата наша земја.

На прес-конференцијата присуствуваа Александар Стефанов, претседателот на РФМ, Влатко Тасевски, генерален секретар и Филип Миркуловски, координатор на машките селекции. Со „Трофеј Македонија“ се отвора можност за уште поголема спортска афирмација и создавање традиција која ќе го збогати спортскиот календар.

Преку „Ракометниот караван“ ќе се реализираат активности низ целата земја со цел ракометот да се доближи до младите таленти и идни шампиони. На „Ракометниот караван“, специјални гости на овој настан ќе бидат Филип Миркуловски, Индира Кастратовиќ и Елена Ѓорѓиевска. На 20 септември 2025 година, со почеток од 11.30 часот, во спортскиот центар „Билјанини Извори“ – Охрид, ќе се одржи настан под мотото: „Ракометот е тука – дали си подготвен?“

Воедно од периодот од 18 до 20 септември 2025 година, спортскиот центар „Билјанини Извори“ ќе биде домаќин на „Трофеј Македонија“. Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија ќе биде носител на овој турнир и ќе ја има можноста пред својата публика да се соочи со силни репрезентации како Грција, Египет и Тунис.

„Трофеј Македонија“

СЦ „Билјанини извори“ – Охрид

18 септември

18.15 часот Грција – Египет
20.30 часот Македонија – Тунис

19 септември

18.15 часот Тунис – Грција
20.30 часот Македонија – Египет

20 септември

14.00 часот Египет – Тунис
16.30 часот Македонија – Грција

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот