Фото: Мукадес Хајдари / Фејсбук

„Огнените“ жени од ДУИ ја критикуваат „машката“ извршна власт, бараат да ги има на повеќе раководни функции

Со присуство на повеќе од 500 членки, Форумот на жените на ДУИ, во организација на претседателката Мукадес Хајдари и секретарката за еднакви можности во ДУИ, Саранда Имери, денеска одржа средба во Скопје, чијашто цел, како што беше речено, е „да се изрази револтот акумулиран во последните години против членовите на извршната власт на чело со вицепремиерот Артан Груби, за незастапеноста на жените во Владата“.

Настанот во Скопје се одржа во исто време додека партискиот лидер Али Ахмети и министрите од редовите на ДУИ имаа посебна средба со жените од партијата во Тетово.

Претседателката на Форумот на жени на ДУИ, Мукадес Хајдари, рече дека „треба да се прекине игнорирањето на улогата на жената во креирањето политики и да ѝ се даде дел од одговорноста и одлучувањето“.

Според Хајдари, Форумот работи врз три принципи до кои секогаш се придржува: Поддршка во унапредување на жената во политиката, придонес на жените, во секој изборен циклус и спроведување на модел на кампања за сите структури на партијата. Хајдари порача дека, доколку мисли дека жените се вистинскиот легитимитет на партијата, раководството треба да прифати нивна соодветна интеграција во партијата.

Пратеничката Мерита Коџаџику предупреди на, како што оцени, „катастрофалната застапеност“ на жените во извршната власт.

„Добивме владин кабинет без консултации со Форумот на жените, составен од вицепремиери, министри, заменици министри, сите мажи… И на локално и на централно ниво“, рече Коџаџику.

На вечерашниот собир на покана на Форумот на жени, учествуваше и градоначаникот на Чаир. Висар Ганиу, кој апелираше до министрите од ДУИ, предводени од Артан Груби, „да го следат примерот со владата на Еди Рама, која има 12 министерки, или на Косово, со претседателка на државата веќе втор мандат“.

„Или, ако не сакаат да ја земаат за пример владата на Рама, каде од 15 министри 12 се жени, т.е. министерки, можеби ќе им биде полесно да земат пример од нашата општина, каде што од 11 образовни институции, осум ги водат жени, 60 проценти од секторите се водени од жени, додека заменик-градоначалникот на општината е жена“, рече Ганиу.

Жените од ДУИ меѓу два огна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот