Оглас за работа ги разбесни Хрватите: „Се гледа од авион дека е за странци“

Еден оглас за работа деновиве предизвика голема врева на социјалните мрежи. Имено, пивница во Осиек објави конкурс на кој се бараат четворица мајстори за подготовка на пица. Условот е средно образование и две години работно искуство. Она што ја налути јавноста е платата што ја нуди: 840 евра бруто месечно, пренесува Даница.хр.

Станува збор за пропишаната минимална плата која заклучно со оваа година изнесува токму толку или околу 680 евра нето. „Па, од авион се гледа за кого е напишан огласот… За странски работници, секако“, забележува една жителка на Осиек. Од друга страна,нудат другите работодавачи во истата индустрија – подготовка на пица, нуидат многу повисоки плати. Не се земени предвид сезонските работни места на море бидејќи нивните приходи се неспоредливи со оние на копно. Така, ресторанот во Карловац бара и четворица пица мајстори на кои им нуди трајно вработување.

Условите се исти: завршено средно образование и две години работно искуство и почетна нето плата од 1.500 до 1.600 евра месечно! Ова е речиси два и пол пати повеќе од понудената плата во Осиек. И пекарата во Видовац, град кај Вараждин, бара лице за подготовка на пици со средно образование и една година работен стаж. Нуди нето плата помеѓу 1300 и 1400 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот