фото: твитер

Официјално: Елмас го продолжи договорот со Наполи

Како што информираат од италијанскиот клуб, македонскиот репрезентативец стави нов потпис за продолжување на соработката.

Елиф Елмас, еден од нашите најперспективни играчи, го продолжи својот договор со клубот од „Сан Паоло“ кој ќе трае до 2025 година.

Покрај Елмас, истото го направија уште двајца играчи, Џовани Ди Лоренцо и Марио Руи.

Минатата сезона, која беше прва за нашиот фудбалски „Дијамант“ во дресот на Наполи беше закитена со првиот негов трофеј во Купот на Италија откако во финалето беше совладан Јувентус и така си обезбеди место во групите на Лига Европа за следната сезона 2020/21.

Во најсилното италијанско првенство (Серија А) Елмас имаше вкупно 26 настапи и еден гол во триумфот над Сампдорија (4:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот