Французинот го напушти Челси, но остана во Лондон/ фото: EPA-EFE/Mike Hewitt

Официјално: Зума за 30 милиони фунти од Челси се пресели во Вест Хем

Францускиот дефанзивец Курт Зума потпиша договор со Вест Хем, потврди англискиот премиерлигаш.
Зума во Вест Хем доаѓа од Челси во трансфер вреден 30 милиони фунти, а фудбалерот потпише четиригодишен договор со новиот клуб.

Со доаѓањето на Томас Тухел на клупата на Челси, Зума падна во втор план и разделбата во летниот преоден рок беше логична.

– Многу сум среќен и во исто време горд сум. Мојот разговор со менаџерот Мојс траеше многу кратко. Почувстуввав дека навистина сака да му се приклучам на тимот, одлична екипа која новата сезона ја започна многу, многу добро. Минатата сезона беше одлична за Вест Хем, екипата е полна со самодоверба и сакам да помогнам да напредува – изјави Зума.

Зума во Челси пристигна во 2014 година од Сент Етјент, а во изминатите седум години два пати беше на позајмица, во Стоук (2017/18) и во Евертон (2018/19). Минатата сезона одигра 24 натпревари и постигна дури пет гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот