Фото: Chelsea FC

Официјално: Жоао Феликс се врати во Челси

Екипата на Челси денеска го комплетираше трансферот на Жоао Феликс кој се враќа на „Стенфорд Бриџ“.

Претходно португалскиот репрезентативец одигра една полусезона во редовите на „сините“ како позајмен фудбалер, а сега пристигнува во перманентен трансфер и би требало да остане подолго.

„Со задоволство можеме да го потврди трансферот на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид“, објави англискиот клуб.

Феликс истакна дека е среќен што повторно ќе го носи дресот на лондонскиот клуб.

„Многу сум среќен што повторно ќе бидам дел од Челси, не можев да дочекам да се вратам. Тука гледам познати лица од минатиот пат кога бев и навистина се радувам што се среќаваме повторно. Времето ми се допадна тука и им кажав на семејството и пријателите дека повторно ќе играм во Премиер лигата. Возбуден сум што добив прилика“, изјави Феликс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот