
Официјално: Ван Дајк потпиша нов договор со Ливерпул
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, денеска официјално го продолжи договорот со англискиот фудбалски клуб, потврдувајќи дека ќе остане на „Енфилд“ и по сезоната 2024/25.
Препорачано
Се споменува дека новиот договор нема клаузула за раскинување или намалување на платата, па Ван Дајк ќе продолжи да заработува плата од околу 466 илјади евра неделно.
– Многу сум среќен, горд. Толку многу емоции ми поминуваат низ главата кога зборувам за ова. Чувство на гордост, радост. Патот што го поминав во мојата кариера, а сега го продолжувам за уште две години – неверојатно. Ова отсекогаш беше местото каде што сакав да бидам. Никогаш немало дилема, секогаш бил Ливерпул – рече Ван Дајк.
Ван Дајк пристигна во Ливерпул од Саутемптон во јануари 2018 година и оттогаш прерасна во еден од најдобрите дефанзивци во светот, столб на одбраната за тим кој освои седум големи трофеи.
Досега, холандскиот одбранбен играч одигра 314 натпревари за Ливерпул и постигна 27 голови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
38мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5