
Oфицијално: Срѓан Захариевски нов тренер на Пелистер
Битолски Пелистер преку социјалните мрежи денеска информираше дека за нов тренер на првиот тим е назначен искусниот Срѓан Захариевски.
Препорачано
Захариевски на клупата на Пелистер доаѓа на местото на Влатко Костов со кого раководството се раздели по есенскиот дел од сезоната.
Новата година е време за нов почеток за нашиот клуб. Ни претставува особено задоволство да ви го претставиме нашиот нов шеф на стручниот штаб. Срѓан Захариевски денес потпиша договор со ФК Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста. Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола, каде работеше во 2017 година.
51-годишниот стручњак има забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. Се работи за поранешен репрезентативец на Македонија (22 настапи и три гола), а во играчките денови ги носеше дресовите на Вардар, Силекс, Тетекс, Металург, како и на клубови во Германија, Португалија, Грција“, објави Пелистер.
Подготовките со клубот од Битола Захариевски ќе ги стартува на 8 јануари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
7мин
-
9мин
-
10мин
-
11мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5