Фото: Nottingham Forest

Официјално: Поранешниот тренер на Тотенхем се врати во Премиер лигата

Само 24 часа по разделбата со Нуно Еспирито Санто, Нотингем форест го потврди новиот стратег. Англискиот премиерлигаш денеска официјално го претстави Анге Постекоглу како нов предводник на тимот.

Австралиецот, кој минатата сезона го водеше Тотенхем, доби отказ и покрај тоа што го освои трофејот во Лига Европа. Нотингем, клуб со богата историја и статус на поранешен европски шампион, одлучи токму нему да му ја довери тренерската палка во обид да внесе нова енергија во тимот.

По три одиграни кола од новата сезона, Нотингем се наоѓа на 10. позиција со освоени четири бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот