Фото: SG BBM Bietigheim/FB

Официјално: Мартин Томовски потпиша германски Битигхајм

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски и следната сезона ќе биде дел од германскиот ракомет,  но во нов дрес. Тој и официјално потпиша договор со Битигхајм, тим кој оваа сезона ќе се натпреварува во Втората Бундеслига, откако минатата година испадна од елитното друштво.

Томовски веќе добро го познава германскиот ракометен систем. Досега бранеше за Потсдам, а претходно беше дел од тимот на Луфвигсхафен, со што стекна значајно искуство на еден од најсилните ракометни пазари во Европа.

„Со Томовски добиваме голман со меѓународно искуство кој веќе ги има покажано своите квалитети во Бундеслигата. Остави силен впечаток и кај клубовите и кај соиграчите и на теренот и надвор од него. Очекуваме да биде клучен дел од нашата мисија за враќање во Првата лига“, изјави извршниот директор на Битигхајм, Бастијан Шпалингер.

За Томовски ова ќе биде уште една можност да ги потврди своите квалитети и да остане на радарот на македонскиот селектор, особено во пресрет на претстојните репрезентативни обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот