фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Официјално: Луис Енрике е новиот тренер на ПСЖ

Откако претходно во текот на денот и официјално се раздели со Кристоф Галтие, ПСЖ го објави името на новиот тренер на клубот.

Луис Енрике (53) ќе седне на клупата на францускиот шампион со кој потпиша договор на две години.

– Среќен сум што му се приклучувам на ПСЖ за да уживам во ново искуство. Возбудливо е да запознаваш нови луѓе, да живееш во овој град, да научиш нов јазик и пред сè да го водиш ПСЖ – вели шпанскиот стратег.

Како професионален фудбалер имаше големи успеси со Барселона, а така продолжи и како тренер со каталонскиот клуб со кој двапати ја освои „Ла Лига“ во 2015 и 2016 година, трипати Копа дел Реј, а по еднаш шпанскиот Суперкуп, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

Беше и селектор на шпанската репрезентација со која стигна финалето пред две години во УЕФА Лигата на нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот