Фото: Ittihad Club

Официјално: Канте по трансферот во Саудиска Арабија си купи клуб во Белгија

Репрезентативецот на Франција, Нголо Канте ова лето го напушти Челси откако му истече договорот и се пресели во Саудиска Арабија, а по трансферот играчот за врска одлучи да си купи клуб.

Канте потпиша за Ал-Итихад во Саудиска Арабија каде што за четири години соработка се договори за плата од 25 милиони евра по сезона.

По преселбата во оваа земја Канте го купи белгискиот Екселсиор Виртон. Ќе потсетиме во Ал Итихад ќе игра заедно со Карим Бензема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот