фото: juventus.com

Официјално: Игор Тудор потпиша нов договор со Јувентус

Како што и се најавуваше, тоа денеска доби потврда од италијанскиот фудбалски клуб, Јувентус ја продолжи соработката со хрватскиот тренер Игор Тудор.

Официјално, Тудор потпиша нов договор со клубот од Торино кој ќе важи до 30 јуни 2027 година.

Истиот договор има опција Тудор да го продолжи истиот за уште една година, односно до 30 јуни 2028 година.

Следниот предизвик на Тудор со клубот е ова лето и настапот на Светското клупско првенство во САД.

Потсетување дека Јуве на Светското клупско првенство е во групата Г заедно со Манчестер сити (Англија), Видад Атлетик Клуб (Мароко) и Ал Аин (Обединети Арапски Емирати). Првиот меч Јувентус ќе го има на 18 јуни проитв Ал Аин во Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот