Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Официјално: Хансер Микел Родригез потпиша за РК Вардар
Засилувањето на тимот на Вардар продолжи со ангажирањето на 21-годишниот кубански ракометар Хансер Микел Родригез. Тој го стави потписот на договорот со најтрофејниот машки македонски ракометен тим, и во следните две сезони ќе биде дел од екипата. После Куни Моралес, Хансер Родригез е вториот Кубанец што ќе игра за „црвено-црните“
Препорачано
Родригез беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч на последниот шампионат во април за земји во развој, каде Куба стана првак. Родригез беше петти стрелец на шампионатот и успеа да постигне 27 погодоци, од 34 удари, и имаше одлична реализација од 80 отсто.
Иако е млад, тој веќе неколку години игра во Европа и на 18 години од Куба се пресели во Португалија каде играше за Спортинг Лисабон. Со тој тим дебитираше и во Лигата на Европа, а потоа беше дел од составите на Портимоненсе и на Брага.
За првиот и вториот тим на Спортинг има одиграно 27 натпревари и постигна 63 погодоци, додека за Брага минатата сезона на 28 меча реализираше 86 гола.
Покрај тоа што игра како лев бек, исто тако може да игра и на позициите лево крило и среден бек. Кубанскиот играч е четвртото официјално засилување за клубот досега, и тој веќе напорно работи на тренинзите со останатите играчи под водство на тренерот Владо Недановски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
1час
-
2час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5