фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Официјално: Голманот Алекс Мерет во Наполи до 2027 година

Италијанскиот фудбалски клуб Наполи денеска објави дека договорот на Алекс Мерет е продолжен до 30 јуни 2027 година.

Голанот дебитираше за Наполи на 8 декември 2018 година, а тимот го доби тој домашен натпревар со 4:0 против Фросиноне. Мерет досега има 212 настапи со Наполи, со вкупно 68 натпревари без примен гол.

Ниеден чувар на мрежата немал повеќе натпревари со непримен гол од Алекс Мерет во петте големи европски првенства во сезоната 2024/25 (16, израмнет со Миле Свилар). Ова е исто така и најдобриот настап на Мерет во сезоната во Серија А (16 натпревари без примен гол, исто така, во сезоната 2022/23).

Во текот на изминатите три сезони (од 2022/23), Мерет беше голманот со најмногу одбрани пенали во Серија А (пет).

Со Наполи, двапати го освои Скудетото, во сезоните 2022/23 и 2024/25, соодветно, и еден Куп на Италија, во сезоната 2019/20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот