
Официјално: Фофана до 2029 година во дресот на Челси
Весли Фофана денеска се промовираше каков нов играч од Челси со договор на седум години доаѓајќи од редовите на Лестер.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Еден од највисоко оценетите млади играчи во Премиер лигата, пристигнува за дополнително да ја засили одбраната на Томас Тухел за сезоната 2022/23, по пристигнувањето на Калиду Кулибали и Марк Кукуреља претходно во текот на летото.
– Последните два дена беа навистина големи денови за мене и многу сум среќен. Тренирав утрово со тимот и тоа е сон за мене. Тука сум да освојувам трофеи – Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Лига купот, сè. Дојдов тука за да победувам и клубот е изграден да освојува трофеи, така што јас сум тука да го продолжам тоа – рече Французинот по официјалниот потпис.
Откако импресионираше во својата татковина во дресот на Сент Етјен, 21-годишниот играч дополнително се разви во еден од најперспективните дефанзивци со неговите перформанси во текот на двете сезони во Англија со Лестер.
Тој беше прогласен за најдобар млад играч на годината на „Лисиците“ во неговата дебитантска сезона во Премиер лигата, 2020/21. Една од неговите најдобри партии беше токму против Челси во финалето на ФА Купот таа сезона, кога Лестер за првпат го освои трофејот.
Home comforts. ?#FofanaIsChelsea pic.twitter.com/Bv5HUnQZQU
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 31, 2022