Себастијан Алер/фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Официјално: Борусија Дортмунд ја донесе замената за Халанд

Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд ексресно најде замена за Ерлинг Халанд и тоа не е една туку две, по Карим Адејеми, денеска нов член на Борусија Дортмунд стана Себастијан Алер.

Алер доаѓа од Ајакс, а според новинарот чија специјалност се фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, Борусија Дортмунд ќе плати 35 милиони евра. Ајакс ја прифати понудата на „милионерите“ кои од претходно ги договорија личните услови со одличниот напаѓач и од официјална промоција во новиот тим, Алер го делат само лекарските прегледи.


Себастијан Алер минатата сезона во дресот на Ајакс постигна дури 34 гола на 42 натпревари, а беше и втор стрелец во Лигата на шампионите со 11 голови.

Претходно Борусија купи уште еден напаѓач, Карим Адејеми од Салцбург, а дефанзивата ја засили со Ник Шлотербек од Франјбург и Себастијан Зиле од Баерн Минхен.

Замената за Аксел Витсел кој би требало да се пресели во Атлетиок Мадрид ќе биде играчот на Келн, Салих Озкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот