Масимилијано Алегри/фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Официјално: Алегри се врати во Милан!

Екипата Милан официјално соопшти дека Масимилијано Алегри е новиот тренер на сениорскиот тим кој пристигнува на местото на Сержо Консеисао.

„Милан со задоволство објавува дека Масимилијано Алегри е именуван за нов шеф на стручниот штаб на машкиот прв тим. Клубот му посакува добредојде и многу успех на Алегри и неговиот тим,“ стои во соопштението на „росонерите“.

Ова претставува враќање на италијанскиот стратег во клубот каде што веќе имаше успешна етапа меѓу 2010 и 2014 година, а во 2011 година успеа да го освои и Скудетото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот