Одземање на возачка дозвола и казна од 350 евра во Грција поради еден прекршок

Ако планирате да изнајмите скутери и мотоцикли на одмор во Грција, знајте дека носењето кацига е задолжително, а казната за тој сообраќаен прекршок е 350 евра. Покрај казната што се плаќа на лице место, вашата возачка дозвола е суспендирана на еден месец, па ако сте дошле со сопствен автомобил, имате проблеми како да се вратите во земјата и мора повторно да дојдете во Грција за да ја подигнете дозволата.

Новиот закон за прв пат воведува одговорност за патниците на мотоцикли без кацига – досега казнуван беше само возачот. Сега и возачот и патникот се одговорни. Грците се строги кога станува збор за сообраќајни прекршоци, па затоа кацигата е задолжителна, секако почитувајќи ги и другите прописи.

Исто така, уште еден важен совет, во Грција оваа година се става акцент на користење мобилен телефон во автомобилот, затоа обрнете внимание и тргнете го телефонот настрана додека возите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот