фото: mok.org.mk

Одржано редовно Собрание на Македонскиот олимписки комитет

Македонскиот Олимписки комитет денеска одржа седници на Управниот одбор и редовното годишно собрание.

На истите едногласно беа усвоени финансискиот извештај, предлог буџетот за 2025 година, комплетниот извештај за работа во изминатата 2024 година како и новиот состав на Собранието на МОК, комисиите, надзорниот одбор, Спортскиот директориум и составот на Спортско Арбитражниот Суд (САС) сите за мандат 2025- 2029 година.

На седницата беше проширен и Управниот одбор со нови членови.

Беа презентирани и едногласно поддржани предлог статутарните измени кои што ќе бидат формално правно усвоени од страна на новиот состав на собранието во периодот што следи.

На самиот крај беше формирано ново тело – Македонска Олимписка дијаспора со три региони, Америка, Европа и Австралија коешто ќе се грижи за контакти со македонската дијаспора во функција на откривање на нови надежни спортисти со македонско потекло и корени како и поврзување на нашите иселеници со својата татковина преку спортот.

Целосниот состав на сите избрани органи и тела на следниве линкови:

Членот на Собрание на МОК

Комисии при Македонскиот Олимписки комитет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!